Зајкова: Пред една година алармирав за жичницата на Водно, а тие се смееја

Претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова реагираше по информациите дека жичницата на Водно нема да работи во текот на летото, а засега не е познато кога повторно ќе биде ставена во функција.

Зајкова потсети дека од ЛДП уште пред една година предупредувале за состојбата со жичницата, кога во јавноста се појавија информации дека таа работела без дозвола.

„Не сме Ванѓа, ама укажувавме уште пред една година, тогаш ни се потсмеваа, денес алармот е кренат“, напиша Зајкова во објава на социјалните мрежи.

Таа порача дека безбедноста мора да биде на прво место и предупреди дека пропустите во системот можеле да имаат сериозни последици.

„Колку нови трагедии треба да ни покажат дека стандардите не се луксуз, туку се поставени заради безбедност и заштита?“, наведе Зајкова.

Според неа, поради неодговорноста и неажурноста на надлежните институции, граѓаните на Скопје, туристите и посетителите летово ќе останат без можност да ја користат жичницата на Водно.

Жичницата пред колапс и покрај редовните технички прегледи — кој ќе одговара?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот