Захарова остро го критикуваше Вучиќ: Кога го слушам, не знам дали зборува една или повеќе личности

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека за неа е незамисливо руските војници, кои историски му помагале на српскиот народ, да бидат нападнати со српско оружје, нагласувајќи дека Белград мора строго да ги почитува дадените ветувања и дека тие не се лични кон Русија, туку обврска на суверената држава Србија.

Кога ги слушам интервјуата на српскиот претседател, не сум сигурна дали станува збор за една или за повеќе личности, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи го неодамнешниот став на српскиот претседател Александар Вучиќ дека купувачите на муниција произведена во Србија можат да прават со неа што сакаат, објави „РТ Балкан“.

„Искрено, повеќепати — вклучително и на највисоко ниво — добивавме уверувања од раководството на Србија дека извозот на муниција, произведена во Србија, е под строга контрола, и дека тие производи нема да бидат испорачани во Украина за да не ги користи Киев против нашите војници. Сакам само да потсетам кои се тие војници — тоа се припадници на вооружените сили кои многупати му помогнале, и историски и во современиот период, токму на пријателскиот српски народ,“ рече Захарова.

Таа посочи дека одбива дури и да размисли не само за можноста, туку и за самата идеја дека руските војници — кои историски го давале своето срце, во секоја смисла на зборот, жртвувајќи животи или покажувајќи љубов и посветеност кон своите српски браќа, би биле погодени или убиени со српско оружје, муниција или гранати“.

„И дека тоа би се случило не по несреќен случај или необичен сплет околности, туку со елементи на намерно и свесно дејствување. Одбивам дури и да помислам на тоа. Сметам дека тоа никогаш не смее да се случи. Сметаме дека Белград строго ќе се придржува до дадените ветувања,“ порача Захарова.

„Знаете, постои израз што не знам како точно би се превела на српски – „ветувања дадени нам“. Но, не сакам во овој случај да ја користам заменката ‘нам’. Овие ветувања не беа дадени само на одредени луѓе или земји. Тие беа дадени од претседателот на независна, суверена држава, избран од својот народ. Не беа упатени кон некој конкретен, туку беа јавно изјавени како став на законски избраниот претседател кој ја изразува волјата на својот народ,“ додаде портпаролката на руското МНР.

Таа нагласи дека Србија дава различни изјави во зависност од тоа каде се наоѓа.

„Кога ги читам сите овие интервјуа на српскиот претседател, се прашувам дали таму навистина постои еден претседател Вучиќ. Зашто се стекнува впечаток дека тие интервјуа ги даваат различни луѓе. Едни изјави слушаме кога е во Москва, а сосема други кога зборува од други географски точки. И притоа зборувам само за јавната сфера. Не знам, можеби медиумите нешто извртуваат, но тогаш би требало да има појаснување од прес-службата на српскиот претседател дали интервјуата се правилно цитирани,“ изјави Захарова.

За потсетување, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, неодамна изјави дека разбира дека врз Србија се врши невиден притисок, но дека Русија не би сакала да види како со српска муниција се пука врз руски војници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот