Косово почна да гради фабрика за муниција
Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, изјави дека во близина на Ѓаковица започнале работите за изградба на првата фабрика за муниција во Косово. По посетата на градилиштето во Јахоч, во близина на Ѓаковица, со премиерот, Албин Курти, Маќедонци изјави дека фабриката ќе произведува муниција со калибар 5,56 мм и 7,62 мм, објавија косовските медиуми. …

