Изгоре т.н. „Чациленд“ во Белград - Извор Нова.рс

Во запалениот шатор немало оружје или муниција, освен она на осомничениот

Министерството за внатрешни работи на Србија, објавувајќи ги деталите за денешниот напад во „Ќациленд“, објави дека напаѓачот испукал неколку куршуми, додавајќи дека во запалениот шатор немало оружје или муниција, освен оружјето и муницијата што ги донел осомничениот, објави Н1.

„Денеска околу 10:16 часот директно пред Домот на Народното собрание на плоштадот Никола Пашиќ, В. А. (1955), кој не бил учесник на собирот пред Народното собрание, влегол во еден од шаторите и од огнено оружје испукал неколку истрели во правец на М. Б. (1968), повредувајќи го во пределот на ногата, а потоа намерно предизвикал пожар во шаторот, при што експлодирала мала гасна боца. М. Б. бил згрижен во Ургентниот центар, а полицијата набрзо го совладала и го уапсила В.А. Пожарот бил локализиран и изгаснат. Патем, во запалениот шатор немало оружје ниту муниција, освен оружјето и муницијата што ги донел осомничениот“, се наведува во соопштението на српското Министерство за внатрешни работи.

Инаку, српскиот претседател Александар Вучиќ, го нарече терористички чин денешниот инцидент пред Парламентот во центарот на Белград.

Ако инцидентот во „Ќациленд“ беше терористички чин, зошто зградата на Парламентот не беше евакуирана?

Ако инцидентот во „Ќациленд“ беше терористички чин, зошто зградата на Парламентот не беше евакуирана?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот