Заев: Никој не е должен да биде уценуван и присилуван

Скопје, 13 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Уцени не смее да има, туку аргументи, ставови, програми, кадри, опееделби, тука да ги најдеме решенијата, потенцира Заев.

Нема ништо лошо што пратениците денеска преку медиумите ќе дознаат дека Зоран Заев го добил мандатот за состав на Влада, порача денеска лидерот на СДСМ и мандатар на доделувањето на мандатот од страна на претседателот Стево Пендаровски во вилата Водно.

Тој во одговор на новинарско прашање за ставот на претседавачот на Парламентот Талат Џафери дека претседателот на Собранието во рок од три дена треба да ги извести пратениците за овој чин, рече дека сега кога нема претседател, пратениците ќе дознаат од медиумите дека тој го добил мандатот и дека со тоа Џафери само сакал да си ја заврши својата деловничка обврска.

– Како актуелен пратеник, чиј мандат е верифициран, не добив покана за седница на Собранието денеска, а не доби ниту некој од 120 те пратеници во парламентот, туку имаше соопштено најава за подготовка на евентуална седница, веројатно во консултации со стручни луца е донесено одлука да не се одржи таа седница. Но слушнавме дека службите добиле насока за подготовка на седницата, која еве до овој момент не е закажана таква седница и верувам дека нема да има таква седница бидејќи преговорите продолжуваат, рече Заев и додаде дека од денеска течат дваесетте дена за мандатарот да формира влада.

Решенијата треба да се бараат низ дијалог, аргументи, ставови, програми, кадри и определби. Уцени и присила не смее да има зашто горчината од таквото однесување граѓаните ќе ја почувствуваат и тоа ќе остави трага, рече денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Одговорајќи на новинарско прашање дали стравува дека можеби предлогот на ДУИ за премиер Албанец ќе се дискутира и ќе наиде на поддршка од сите присутни на денешната средба што ја иницира Али Ахмети со албанските партиски лидери, Заев истакна дека ваквата идеја, според информациите, нема да биде една од темите на состанокот.

-Секој има право да одлучи како мисли. Мене ми е драго кога го видов дневниот ред, во него нема таква работа и навистина тоа испраќа малку поодговорна порака од онаа што јас ја имав како перцепција, а веројатно и повеќето граѓани. Се разговара да се направи рекапитулар на тркалезната маса од последното одржување до сега, се разговара за теми важни за државата. Не препознав точка која беше објавена вчера од оние што канат, а тоа се ДУИ, дека има такво прашање, рече Заев.

Според него, ништо ако е изнасилено не носи одржливост и резултат.

-Никој не е должен да биде уценуван и присилуван. Мене ми е драго што и така течат разговорите, не низ уцена и присила, туку со заемно разбирање и аргументација на ставовите и политиките. Ако граѓаните ја доживеат горчината дека некој е под уцени, Ахемти, Заев, Мицкоски, Касами, Села,…, таа ќе остане и тоа остава трага. Тоа не смееме да го дозволиме. Уцени не смее да има, туку аргументи, ставови, програми, кадри, опееделби, тука да ги најдеме решенијата, потенцира Заев кој денеска го доби мандатот за составување Влада од претседателот Стево Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот