Заедно со Антиќ беа шампиони во Евролигата, Спанулис објави крај на кариерата!
Василис Спанулис објави дека заминува во кошаркарска пензија, иако сонот на грчките навивачи беше тој да настапи за репрезентацијата во олимписките квалификации летово.
Искусниот плејмејкер одлучи дојде време да каже „крај“. Иако доби повик за настап во квалификациите, поради повреда остана само надежта дека би можел да учествува во Токио доколку Грција се избори за место на Игрите.
Пред само неколку дена беше со соиграчите во салата, на тренингот им посака среќа и успех на следните натпревари.
Го носеше дресот на Панатинаикос, играше една сезона во НБА за Хјустон Рокетс, а со Олимпијакос двапати ја освојуваше Евролигата заедно со поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ во 2012 и 2013 година.
Уште една евролигашка титула со Панатинаикос, беше МВП во елитното натпреварување, во 2013 година беше и најдобар стрелец на сезоната, а трипати беше МВП (најкорисен играч) на Фајнал-фор турнирот во Евролигата.
Седумпати беше шампион на Грција, а четирипати го освојуваше националниот Куп на таа земја.