Заедно имаат 168 црвени картони: Фудбалери кои најмногу пати се исклучени

твитер

Гледајќи ги нивните големи успеси со своите клубови, без сомнение овој импресивен тим би бил незадржлив на теренот.

Специјализираниот фудбалски сајт „Трансфермаркт“ објави идеален состав на играчи со најмногу црвени картони во текот на кариерата.

Гледајќи ги нивните големи успеси со своите клубови, без сомнение овој импресивен тим би бил незадржлив на теренот.

Заедно имаат 168 исклучувања, а интересно е тоа што голманот дури седумпати доби црвен картон.  Станува збор за Германецот Јенс Леман кој своевремено играше за Арсенал и својата репрезентација.

Во одбраната се капитенот на Реал, Серхио Рамос со 26 црвени картони, следуваат Пепе (12), Марко Матераци (15) и Патрис Евра (12).

Даниеле Де Роси во средниот ред со 15 исклучувања, покрај него се Едгар Давидс со 25, Зинедин Зидан со 14 и Франческо Тоти со 15 црвени картони.

Во нападот се Златан Ибрахимовиќ и Марио Балотели, односно двајцата имаат по 13 исклучувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот