Задршка на парите за поврат на ДДВ има кај сомнителните побарувања на компаниите
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска не смета дека се доцни со повратот на ДДВ-то. Таа им контрираше на новинарите и ги замоли да и достават податоци за тие компании кои го тврдат спротивното. Од неа излезе и податокот дека имало многу злоупотреби во изминатиот период и повратот на одредени компании е задржан, а за дел од нив има отворени предмети кај надлежните институции.
Препорачано
– Зависи со кого разговарате. Ако прашате некои од компаниите што се многу познати на пазарот и кои биле редовни плаќачи, ќе ви кажат дека повратот на ДДВ се одвива регуларно. Ние знаеме дека во делот на повратот на ДДВ имаше многу злоупотреби и таквите предмети се задржани. Да не заборавиме и дека кога директорката на УЈП ја презема позицијата имаше отворени налози за исплата во износ над 1,5 милијарда денари. Можеби тие се парите што доцнат и секако има одредени ситуации каде што има компании коишто јас лично сум ги проверувала и коишто се предмет на дополнителни анализи, кога ќе се направат ќе си ги добијат средствата – рече таа.
Според анкетата која ја добила од стопанските комори од 60 компании, само две се пожалиле дека им доцни повратот на средствата од ДДВ-то. Димитриеска Кочоска повтори дека во иднина нема да се дозволат никакви злоупотреби со побарувањата на компаниите.


