Рекордни 1.700 тони ѓубре собрани во Солун за божиќните празници

Фото: МИА

Во изминатите три дена, односно пред Божиќ, на празникот и ден потоа, во центарот на Солун биле собрани околу 1.700 тони ѓубре, што според локалните власти е рекорден број.

Заменик-градоначалникот за хигиена и рециклирање на општина Солун, Костас Јакову, за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека собраниот отпад е само од обичните и кантите за рециклирање, без да бидат вклучени и стаклените шишиња, како и дека се работи за ѓубре само од строгиот центар на градот.

„Имавме зголемување на сметот за околу 15-20 отсто во споредба со другите години и во однос на другите празнични денови“, вели Јакову, нагласувајќи дека најголемиот обем на отпад бил во централните населби, особено онаму каде што има многу ресторани, кафулиња и барови.

Тој додава дека службата очекува слична слика во Солун и за Нова година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот