За прв пат во историјата: Спортистите на Игрите во Токио без шопинг, посета на туристички места…

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Последната верзија на прирачникот за сите учесници на Олимписките игри предвидува сите тие да имаат по два негативни тестови пред пристигнувањето во Токио.

Секој учесник на Олимписките и Параолимписките игри во Токио ќе има мала слобода на движење и ќе мора да се придржува до строгите правила, објавија Меѓународниот олимписки комитет, Меѓународниот параолимписки комитет, организаторот на ОИ, јапонската влада како и градските власти на Токио.

Последната верзија на прирачникот за сите учесници на Олимписките игри предвидува сите тие да имаат по два негативни тестови пред пристигнувањето во Токио. На спортските борилишта, спортистите и нивните тренери ќе се тестираат секој ден поради бројните мутации на коронавирусот, а сите останати три дена по нивното пристигнување во Јапонија и потоа исто така секој ден ќе мора да се тестираат.

По пристигнувањето на Јапонија, спортистите и останатите официјални лица нема да одат во задолжителен карантин, а организаторот заедно со ИОК одлучија вакцината да не биде задолжителна.
На учесниците на ОИ ќе им биде забрането користење на јавниот превоз доколку не престојуваат најмалку 14 дена во Јапонија, а претходно задолжително ќе биде користењето на службениот превоз.
Исто така за сите учесници на Игрите во Јапонија ќе смеат да се хранат само на претходно одредени места, во хотел или во соба, а исто така ќе им биде забрането одењето во шопинг, во ресторани, на туристички атракции или фитнес центри. Носењето на заштитна маска е задолжително, освен кога спортистите се натпреваруваат, тренираат или јадат.
За време на кратките интервјува претставниците на медиумите мора да носат маски, додека спортистите смеат да бидат без нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот