За прв пат во историјата на Олимписките игри, освојувачите сами ќе ги стават медалите околу врат

EPA-EFE/ISSEI KATO

Пандемијата на коронавирусот ги натера Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и организаторот на Олимписките игри во Токио да направат преседан кој досега не се случил во историјата на Олимпизмот.

Освојувачите на олимписки медали на Игрите во Токио нема да имаат можност да ги добијат одличјата од претставници на ИОК со поздравување со рака, со прегратка или бакнеж, туку сами ќе мораат да ги обесат околу вратот, објави претседателот на ИОК, Томас Бах на виртуелната прес конференцијата со светските медиуми.

– Медалите нема да им бидат обесени околу врат на спортистите. Тие ќе бидат донесени до нив, по што самите спортисти ќе си ги земат. Личноста која ќе ги става медалите на „тацна“ ќе носи дезинфикувани ракавици и ќе носат маски, исто како и спортистите. Нема да има ракување, ниту прегратки за време на свеченето доделување на медалите – ја објасни Бах процедурата на доделување на медалите во Токио.

Локалните власти во Токио стравуваат од пандемијата на коронавирусот бидејќи бројот на заболени во главиот град на Јапонија се зголемува и поради тоа ќе има максимални мерки во Олимпиското село и на спортските борилишта за заштита од коронавирусот.

Во Токио денеска беа регистрирани рекордни 1.149 случаи на заболени од коронавирус, што е најголем број од 22. јануари оваа година, а здравствените власти во Јапонија стравуваат дека тоа е најава за петтиот бран на коронавирусот.
Организаторот на Игрите исто така одлучи да не биде дозволено присуство на гледачи на спортските борилишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот