За една недела отстранети 227 непрописно паркирани возила во Скопје

Подигање неправилно паркирано возило / Фото: ЈП „Градски паркинг“

Како што информира денеска Град Скопје, контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 279 возила поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга.

Со специјалните возила „пајак” од 6 август до вчера се отстранети вкупно 227 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила 18 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 209 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Како што информира денеска Град Скопје, контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 279 возила поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 18 возила се отстранети со „пајак” службата поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Град Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг” апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

– Апелираме сите корисници на услугите за паркирање на време да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, се вели во соопштението од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот