За две недели на Октоберфест, келнерите и келнерките може да заработат и до 10.000 евра!
За две недели на Октоберфест во Минхен, келнерите и келнерките заработуваат од 5.500 до 10.000 евра нето, понекогаш и значително повеќе. Од друга страна, за тие две недели шаторите каде што се продава пиво, прават промет до осум-девет милиони евра.
Препорачано
Како што пишуваат германските медиуми, за да можат дури и да работат на Октоберфест, келнерите и келнерките мора да им платат на домаќините 1.500 евра однапред за храна и пијалаци и за чистење на садовите што ги користат или евентуално ги кршат. За сместување ќе одвојат до 2.500 евра, пишува Феникс-магазин. Ева работела како келнерка на Октоберфест и преку ТикТок открила дека најскапото сместување е 2.500 евра, а собата во која спиела имала само душеци, а во неа спиеле пет лица.
Таа нагласува дека келнерките и келнерите на Октоберфест не добиваат фиксен час, туку добиваат дел од продажбата. Според информациите на порталот „ТЗ“, домаќините на големите шатори на Октоберфест за две недели остваруваат промет до осум и девет милиони евра. Од тоа им останале околу еден милион евра добивка. И помалите шатори имаат продажба од милион до два милиони евра. Минатата година Октоберфест му донесе на градот околу 1,49 милијарди евра.


