Фото: Фејсбук /Секојдневието Во Штип

„За човекот што светеше меѓу нас“: Ѕвездено небо во чест на Панчо вечерва на плоштадот во Штип

Штип вечерва ќе го подигне погледот кон небото за да му оддаде почит на „човекот што светеше меѓу нас“ – Владимир Блажев – Панчо, кој почина на 14 октомври по долга и тешка битка од повредите здобиени во страшниот пожар во Кочани.

Во негова чест, граѓаните ќе се соберат во 20:00 часот на Градскиот плоштад под мотото „Ѕвездено небо во чест на Панчо“, симбол на светлината што ја остава зад себе.

Организаторите повикуваат сите што го познаваа, но и сите што сакаат да изразат поддршка и сочувство, да го споделат повикот и да присуствуваат.

„Небото да блеска како што Панчо блескаше со сите нас,“ стои во повикот што брзо се шири на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот