Вулин: Пендаровски да молчи за јазикот кој никој не му го признава освен Србија

Македонскиот претседател запрашан за прашањето меѓу Србија и Косово, рече дека „е против идејата за корекции на границите меѓу двете земји“.

Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, реагираше на изјавата на претседателот Пендаровски, кој рече зборувајќи за прашањето меѓу Србија и Косово, рече дека е „против идејата за корекции на границите меѓу двете земји“.

– Претседателот на Северна Македонија може слободно да молчи на јазикот, кој никој не му го признава освен Србија, а на останатите јазици може уште погласно да молчи затоа што никој ниту бара, ниту му го прифаќа мислењето –  рече Вулин, пренесува РТС.

Ова не е прв пат Вулин да реагира на изјава на шефот на државата. Тоа го стори и минатата година исто така во врска со изјава за Косово и Србија. Тогаш Вулин му порача на Пендаровски да погледне дека во мапата на Голема Албанија се наоѓа и Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот