Вујовиќ: Гурбиндо веќе има романски број

Следен клуб на Гурбиндо ќе биде Динамо Букурешт/ Струга/ фото: РЛ Вардар 1961

Ракометарите на Вардар 1961 во среда против Брест Мешков ќе го игра првиот натпревар пред своите гледачи во новото издание од Лигата на шампионите, а во тимот повеќе не е најзвучното засилување кое пристигна летово, Едуардо Гурбиндо.

Недоразбирањата со тренерот Веселин Вујовиќ беа преголеми по што Шпанецот си замина од Вардар и кариерата ќе ја продолжи во Динамо Букурешт.
Гурбиндо за шпанските медиуми веќе изјави дека во Вардар не го видел проектот кој му бил претставен при преговорите.

– Гурбиндо веќе има романски борј. За нас е изненадување неговото заминување. Ние уште од првиот ден го пречекавме со еуфорија, тој е еден класа играч и сигурно ќе недостасува, меѓутоа повеќе во одбрана отколку во нападот. Посебно во одбраната каде одлично ја читаше играта на противниците, додека вонападот ги имаме Њокас и Моралес кои можат да дадат повеќе. Му посакуваме среќа во иднина, и на крај од сезоната ќе видиме кој направил подобар избор – вели Вујовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот