Вујовиќ од Загреб си замина поради – круши и цреши

Веселин Вујовиќ се надева дека Македонците ќе играат добар ракомет на Европското првенство/Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Веселин Вујовиќ неодамна ја напушти клупата на хрватскиот шампион, Загреб ППД.

Неговото заминување добар дел од медиумите во регионот го поврзаа со враќањето на Михајло Михајловски на челната позиција во Вардар, по што се шпекулираше дека Вујовиќ може да седне на клупата на европскиот шампион.

Стевче Алушовски остана на клупата на Вардар и ќе ги предводи „црвено-црните“ во новата сезона, а остана мистеријата за заминувањето на Вујовиќ од Загреб ППД.

Таа мистерија конечно ја откри самиот Вујовиќ.
– Имам голема плантажа за овошје, одгледувам круши и цреши. И поради тоа морав да им се заблагодарам на луѓето во Загреб кои сметаа на мене и за наредната сезона. Тренерската работа е таква што морав често да изостанувам, а ништо не сакам да работам површно. Не ги затворив вратите за Загреб и секогаш ќе им бидам на располагање кога ќе им бидам потребен. Нормано дека мојата тренерска кариера не е завршена, иако неколку пати размислував и за тоа – открива Вујовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот