Вујовиќ ќе биде новиот тренер на Вардар 1961!?

Веселин Вујовиќ се надева дека Македонците ќе играат добар ракомет на Европското првенство/Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Денеска повторно се шпекулира дека Веселин Вујовиќ ќе се врати на клупата на „црвено-црните“ како наследник на Стевче Алушовски.

Како што информира „Планет Хандбал“, од следната сезона искусниот стратег Вујовиќ, ќе го води Вардар 1961.

Клубот е на добар пат да ја одбрани титулата во домашниот шампионат, а во Лигата на шампионите сезонава доживеа елиминација во осминафиналето против Веспрем.

Вујовиќ веќе ја водеше екипата во периодот од 2006 до 2009 година, освојувајќи неколку титули пред „златната ера“ со Сергеј Самсоненко кој стана сопственик во летото 2013 година.

Моментно Вујо е на клупата на босанскиот тим Борац Бања Лука борејќи се за трофејот во тамошното првенство со ХРК Извиѓач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот