Вујо: Не исклучувам враќање во Вардар

EPA/GEORGI LICOVSKI

Миленикот на „Комитите“ и поранешен тренер на Вардар и на македонската ракометна репрезентација, Веселин Вујовиќ, не отпишува враќање во „црвено-црните“, сега откако си замина Сергеј Самсоненко и клубот го презеде старо-новиот претседател, Михајло Михајловск.

Популарниот Вујо Мајсторе пред два дена ја напушти клупата на хрватскиот шампион Загреб ППД со што се подгреаја шпекулациите дека е можно враќање во Вардар, иако засега Вујовиќ демантира такво нешто, но не ја затвора вратата за кам-бек.

– Прво сакам да кажам дека заминувањето од Загреб воопшто не е некаков трик за да го преземам Вардар. Имам семејни работи кои во следните неколку месеци мора да ги завршам. Што се однесува околу шпекулациите за враќање во Вардар, тие гласини беа активирани уште веднаш откако беше објавено враќањето на Михајловски. Не ја исклучувам можноста да се вратам во Вардар, откако ќе ги решам моите приватни проблеми – Вујовиќ за медиумите во Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот