Вучиќ: Србија е подготвена да разговара за компромис

Српскиот претседател Александар Вучиќ/Фото: Jure Makovec / AFP / Profimedia

Вучиќ рече дека во неколку наврати повторил дека Србија не е за замрзнат конфликт.

„Србија секогаш е подготвена да разговара за компромисно решение. Но, никогаш нема да биде подготвена да разговара за какво било понижување на Србија“, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

Обраќајќи им се на граѓаните на Србија, Вучиќ рече дека сака да ја информира јавноста за состојбата во Косово и Метохија, како и за разговори со европскиот претставник Мирослав Лајчак и со американскиот претставник Метју Палмер.

„Тие разговорисе однесуваа првенствено на темите во идниот дијалог – што сакаме едни од други. Ние и Албанците, но и што очекуваме од ЕУ, како и што очекуваат тие од нас“, објасни тој.

Вучиќ рече дека во неколку наврати повторил дека Србија не е за замрзнат конфликт.

„Ние сакаме да ги решиме нашите конфликти од минатото и да не ги оставаме на нашите деца. Но, ние баравме разбирање за основните држави, интересите на Србија и народот, пред се за безбедноста на нашиот народ во Косово и Метохија“, рече тој.

Вучиќ посочи дека дијалогот ќе продолжи за многу краток временски период од денес, додавајќи дека станува збор за денови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот