Вучиќ: СПЦ може да ги одржува велигденските служби, но без луѓе

Фото: МИА

Тој додаде дека ќе се држи до словото на законот и дека нема да ги спречува свештениците во одржување на литургиите, за што доби подршка од Милорад Додик.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека „не може да прави исклучоци и ќе го замоли патријархот на СПЦ Иринеј велигденските служби да се одржат без присуство на луѓе”, јави дописникот на МИА од Белград.

-Опасноста од вирусот и натаму е голема и ние не можеме да првиме исклучоци. Нашата работа е да ги штитиме животите на луѓето и јас денеска повторно ќе го повикам патријархот Иринеј за да го замолам службите да се одржат, но без присуство на луѓе, а сите телевизии сигурен сум дека ќе прават преноси и така ќе ги сочуваме нашите животи, изјави Вучиќ на прес конференција со членот на претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Тој додаде дека ќе се држи до словото на законот и дека нема да ги спречува свештениците во одржување на литургиите, за што доби подршка од Милорад Додик.

По барањето на СПЦ за овозможување на присуство на верници за време на неделната Велигденска литургија, Вучиќ вчера гостувајќи на ТВ Дневникот на РТС изјави дека ќе и „предложи на владата полицискиот час за време на Велингденските празници да трае 84 сата, почнувајќи од петок во 17 часот до вторник во 5 часот.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот