Вучиќ: Приштина сакаше да го избегне дијалогот, на 22 јуни поднесувам извештај во Собранието

Александар Вучиќ /Фото: ЕПА

Српскиот претседател Александар Вучиќ во денешното обраќање до јавноста говореше за деталите од вчерашните разговори со посредство на ЕУ во Брисел со косовскиот премиер Албин Курти, воедно најавувајќи седница на Собранието на 22 на која подробно и детално ќе говори за досегашниот дијалог за Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ вчерашниот состанок го оцени како „најчудна фаза од дијалогот за Косово„.

-Со сигурност можам да кажам дека оние кои дојдоа од Приштина сакаа да не натераат да ги напуштиме разговорите и да нема дијалог. Се што бараа и говореа значеше дека сакаат да го избегнат дијалогот и разговорите, изјави Вучиќ.

Тој наведе дека почнале да разговараат само за темата на исчезнатите, потенцирајќи дека Србија истражила 21 локации, од кои на 4 локации се пронајдени тела на убиени албанци, меѓу кои е и Кижевица, каде се пронајдени остатоци на 11 тела.

-Ние баравме претрага на повеќе локации на исчезнати срби на Косово, но ништо не добивме како одговор, освен ветување дека во јуни ќе извршат претрага на теренот…за подоцна нивниот шеф на преговарачкиот тим Беслими да каже дека нема да дозволат ископувања поради тоа што некој ќе помисли дека албанците вршеле злостортва, изјави Вучиќ, додавајќи дека Косовската страна го именувала шефот на српскиот тим за исчезнатите Вељко Одаловиќ како„Геринг и Гебелс” барајќи да се смени.

-Јас реагирав веројатно преоштро и можеби не требаше на таков начин, можеби и го навредив господинот Курти во тој момент, но возвратив на побрутален начин од неговите зборови, бев изненаден да некој може да користи таков речник и така да се однесува кон една независна земја, што Косово не е, кажа Вучиќ.

Тој презентираше и што се е поставено како прашање од косовската страна на разговорите во Брисел.

-На почетокот десет пати (Курти) кажа признавање на Косово, повторувајќи-кога, кога, на што силно одговорив –Никогаш, по што тој, можеби погрешна е оценката, но тој се детонираше, повикувајќи се на писмото на американскиот претседател Џо Бајден, кажа српскиот претседател.

Според Вучиќ на Бриселски разговори од Косово е барано да се направи „декларација на мирот”, што го прават независни држави, наместо ЦЕФТА да се создаде СЕФТА со што ќе можат на „мала врата” да влезат како независна држава, одбивајќи создавање на Заедница на српските општини, нудејќи наместо тоа создавање на Национален совет за србите на Косово.

-Сето ова говори каква невозможна атмосфера е направена, во која некој не сака дијалог, што не е добро за нас, оти ваквата неодговорност, се плашам дека може да доведе до ескалација на проблемите на Косово, изјави Вучиќ, заклучувајќи дека „сепак е важно што се водени разговори и што Србија ја покажала решеноста за продолжување на дијалогот, за што се потребни луѓе кои се рационални и кои знаат кои се границите до кои можат да одат.”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот