Вториот тим на Еурофарм Пелистер беше тврд „орев“ за Вардар 1961

Фото: Денис Дуковски/РК Вардар 1961

Продолжија натпреварите од домашното првенство, односно разигрувањето за титулата во најдобрата македонска лига. Како што е веќе познато ќе се играат 14 кола, по што најдобриот тим ќе биде прогласен за шампион на нашата земја.

Денеска во СЦ „Јане Сандански“ еден од посериозните кандидати за трофејот оваа сезона налета на доста силен отпор од вториот тим на Еуфофарм Пелистер кој успеа дури 30 пати да ја затресе мрежата на домаќините.

На крајот „црвено-црните“ триумфираа со резултат 34:30, прв стрелец за составот на Стевче Алушовски беше десното крило Георгиевски со осум голови.

За битолската екипа доминираше десниот бек Петровиќ кој седумпати се запиша во листата на стрелците.

На табелата по три бода стартуваа првиот тим на Еурофарм Пелистер, Вардар 1961, Бутел и Пролет.

Пролет непријатно го изненади Металург во ракометниот плеј-оф

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот