Вториот тим на Е. Пелистер со два порази од Алпла Хард се прости од Европа

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Ракометарите на вториот тим на Еурофарм Пелистер својот дебитантски настап во европските купови го заврши со два порази.

Младите ракометари во првото квалификациско коло за пласман во групната фаза во Лигата на Европа се елиминирани од австрискиот тим Алпла Хард кој по трумфот од 21:24 во првиот натпревар, вечерва во Битола славеше со 24:27.

Битолчани одлично го започнаа натпреварот и поведоа со 3:0, но трите технички грешки во нападот беа казнети со три гола од страна на противникот и израмнување на 3:3.

Потоа следеа минути во кои се играше гол за гол, а првото водство за австрискиот тим беше 7:8. Во финишот на првиот дел, Алпла Хард со серија од четири гола поведе со 11:14, но на пауза се замина од минус два за Е. Пелистер по голот на Белистојановски.

Во вториот дел избраниците на тренерот Александар Јовиќ постојано ја бркаа предноста на противникот, но не успеаја во ниту еден момент да израмнат. Дилемите околу победниот беа решени со серијата од 0:4 на противникот кој од 17:18 отиде на плус пет (17:22).

Најдобар стрелец кај вториот тим на Еурофарм Пелистер беше Ненад Белистојаноски со шест гола, Петар Атанасијевиќ даде четири, додека во редовите на Алпла Хард, Иван Хорват даде седум гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот