Втор живот: Стариот леб е совршен за подготовка на солени и слатки јадења

стар леб рецепт идеи
Леб/ ФОТО: Unsplash

Следниот пат кога ќе најдете дома ќесичка со стар леб, не го фрлајте. Постојат одлични начини како да го искористите. За жал, на сите често им се случува да го фрлат стариот леб, кој од стоење се стврднал и почнал да се рони. Но, постои решение за тој проблем. Со едноставни рецепти можете на стариот леб да му дадете нов и вкусен изглед. Подготовката е лесна, а потоа ќе можете да уживате во едноставните, вкусни слатки и солени оброци.

Кубети за салати и летни супи

Кубетите се наједноставно кажано потпечени коцки леб. Тие се извонреден додаток во супите и салатите, но и практичен начин за пренамена на стариот леб. За подготовка, 100 грама стар леб исечкајте на коцки, полејте со 3 лажици маслиново масло и зачинете со пола лажичка лук во прав, малку мешавина италијански зачин, 30 грама ситно рендан пармезан, сол и црн пипер. Измешајте добро со раце, за да се распоредат состојките, па префрлете го лебот во плех обложен со хартија за печење и печете во рерна загреана на 180 степени 15-ина минути, додека лебот стане крцкав и добие убава златна боја. Откако ќе се
изладат можете да ги користите за салати, супи или да ги чувате неколку денови во сад со капак.

Лажна пица

Пица-тостот е одлична идеја кога станува збор за брз топол појадок или лесна вечера со пријателите. Едноставен и брз за подготовка се прави од каков било стар леб и потоа само додавате што имате дома, без разлика дали е тоа сезонски зеленчук, месо или јајца. Лебот исечете го на резанки, попрскајте ги со малку
масло и секоја премачкајте го со малку доматен сос, посипете со оригано, а потоа филувајте со моцарела, сечкани пиперчиња, домати, малку босилек. Или, пак, ако имате кашкавал, шунка или печурки. Секоја идеја е прифатлива. Испечете ги кратко во рерна на 200 степени додека се стопи кашкавалот и послужете ги топли.

 Пита од леб е одлична идеја

Леб со растопен кашкавал, капари и лук е појадок за кој ќе ви треба малку повеќе време, ама сигурно нема да зажалите. Еден цел леб исечете го на кришки, па во сад за печење намачкан со малку путер или маслиново масло наредете го во три реда и над него наредете пршута или панчета и рендан кашкавал. Ако не сакате месо, тогаш не користете. Во сад измешајте 5 јајца, 200 милилитри кисела павлака, 150 милилитри млеко, 3-4 лажици сув копар, сол и црн пипер. Со ова полејте го јадењето и ставете го во фрижидер да стои 2-3 часа, покриено со алуминиумска фолија. Испечете го во рерна загреана на 200 степени, околу 30 минути. Нека се излади 10 минути, па послужете го со капари, резанки лимон и
малку сечкан кромид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот