ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Облачно и ветровито, од попладне дожд

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Претежно облачно време ќе преовладува денеска, а веќе од попладне и во текот на ноќта кон недела се очекуваат врнежи од дожд кои поради продорот на постудена воздушна маса ќе преминуваат во снег на некои повисоки места во северните делови. Можна е и локална појава на замрзнат дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7, а максималната од 4 до 11 степени.

Во Скопје претежно облачно, со врнежи од дожд од попладневните часови. На околните планини ќе врне снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Синоптичарите најавуваат во недела и во понеделник облачно и врнежливо време. Врнежите на места ќе бидат пообилни и со пороен карактер. Повремено ќе дува засилен јужен ветер.

Од вторник поради продор на постудена воздушна маса врнежите на планините ќе бидат од снег, а повремено услови за снег ќе има и на некои повисоки места. Ветерот ќе го промени правецот во северен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот