„Време“: Пет жртви на сексуална злоупотреба во Петница

Семејно насилство
Илустрација: Семејно насилство / Фото: МИА

Српскиот неделник „Време“ објави дека во утрешниот број ќе обзнани признанија на пет жртви кои доживеале сексуално насилство од истиот насилник во Истражувачката станица Петница во периодот од 2003 до 2014 година, како и лично извинување од поранешниот директор Вигор Мајиќ до жртвите на насилството.

„Време“ наведува дека станува збор за принудување малолетни и само возрасни девојки да се фотографираат без облека, а методите на сторителите се движеле од манипулирање со жртвите, до отворена принуда за пиење алкохол, уцени и закани.

Во два случаи имало физичка агресија, а во еден случај, жртвата била фотографирана во несвесна состојба, а според „Време“, има повеќе од 20 жртви кои се довериле на некого, додека вистинската бројка не е позната.

Некои од соговорниците на „Време“ со години се обидуваат да го покренат ова прашање пред управата на Станицата, па дури и да го пријават случајот во полиција.

Според Мајиќ, но и сегашниот директор Никола Божиќ, раководството имало информации од 2014 година дека има проблем, но првите мерки биле преземени дури во 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот