Вреди да пробате: Лесни и евтини начини со кои можете да го освежите вашиот стил

Постојат периоди кога сте презаситени со облеката што ја имате во вашиот плакар. Но, тоа не е причина да фрлите се и да почнете да купувате нови алишта. Наместо тоа, обидете се со овие лесни и евтини начини со кои ќе го надополните вашиот стил и ќе се чувствувате поразлични.

1. Заменете ги врвките за чевли

Кога постојано ги носите истите патики со исти врвки, може малку да ви изгледа досадно. Наместо да потрошите повеќе пари и да купите нов пар патики, заменете ги само нивните врвки. Новите врвки ќе внесат свежина и ќе изгледате сјајно. Најважно од се е што не чинат многу и лесно можете да го изведете ова.

2. Заменете ги копчињата

Изненадувачки, но вистинито: Копчињата зборуваат многу за една јакна, мантил, палто… Па, наместо да потрошите еден куп пари на нова, одличен начин да го освежите изгледот на вашата стара јакна е да ги замените копчињата. Лесно можете да ги пронајдете во продавница, а и на интернет каде што се нудат најразлични видови. Тие не чинат многу, а можете да ги замените и самите дома.

3. Користете ги модните додатоци на поинаков начин

Мислевте дека марамите се наменети само за носење на врат, нели? Но, тоа не е нивната единствена намена. Врзете ја околу ременот на чантата и добијте поинаков изглед. Исто така можете да го искористите и ѓерданот во улога на нараквица.

4. Освежете ги старите фармерки

Големи се шансите дека имате стари фармерки во вашиот плакар што не ги носите веќе. Но, сте ги платиле скапо, па не сакате туку-така да ги фрлите. Наместо тоа, можете да го освежите нивниот изглед така што ќе ги искинете.

5. Поправете ги рабовите на фармерките

Покрај тоа што можете да ги искинете, изгледот на фармерките можете да го освежите и со тоа што ќе ги промените рабовите. Оставете да висат неколку конци на глуждовите и комбинирајте со омилените чевли оваа пролет.

6. Ставете мал брош на јаката од јакната

Мал интересен брош на јаката од вашата јакна може да направи да изгледате поубаво и повпечатливо. Не чини многу, а е прекрасен моден додаток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот