Врањеш ги одреди ракометарите со кои ќе настапи против Македонија на ЕП

Словенија е прв противник на Македонија на ЕП/ фото: EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany

Селекторот на ракометната репрезентација на Словенија, Љубомир Врањеш ќе има на располагање 19 ракометари за Европското првенство во Унгарија и Словачка каде првиот натпревар на 13 јануари ќе го игра против Македонија.

Во последен момент од списокот поради повреда на рамото отпадна средниот бек на Нант, Рок Овничек.
– Подготовките поминаа релативно добро. Имавме проблеми со повреди на неколку играчи и со коронавирус, но и покрај тоа задоволен сум од сработеното. Одиме со позитивни мисли во Дебрецин – изјави Врањеш за словенчките медиуми.

Состав на Словенија за ЕП:
Голмани: Пантар, Кастелиц, Бажник
Леви крила: Соколич, Кодрин
Десни крила: Јанц, Маргуч
Пикери: Благотиншек, Сухолежник, Потеко
Леви бекови: Мачковшек, Левц, Хенигман
Средни бекови: Скубе, Зарабец, Макуц
Десни бекови: Грошељ, Доленец, Цехте

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот