Фото: илустрација / архива

Вработена во Гинекологија Чаир паднала по скали во болницата и тешко се повредила

33-годишна жена, вработена во Гинеколошко-акушерската болница Чаир во Скопје, е тешко повредена кога паднала од скали во болницата, соопшти МВР.

„На 18.05.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје, од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена С.Ј.Т.(33) од Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повредите околу 13:30 часот на работното место во Гинеколошко-акушерската болница Чаир во Скопје, при пад од скали. За настанот е известен трудов инспектор“, пишува во полицискиот билтен.

Соученик долго време психички малтретирал 17-годишна девојка од Скопје, вчера и ја нападнал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот