Фото: илустрација / Слободен печат / Драган Митрески

Соученик долго време психички малтретирал 17-годишна девојка од Скопје, вчера и ја нападнал

17-годишна девојка подолг период била психички малтретирана од нејзин соученик, а тој вчера и физички ја нападнал, според пријавата на таткото на девојчето, соопшти МВР.

Двајцата се ученици во средно училиште во скопската општина Карпош.

„Според пријавата, О.С.(45) од Скопје на 18 мај околу 19:15 часот пријавил дека истиот ден околу 14:30 часот неговата 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзин соученик. Според пријавата, ученичката подолг период била и психички малтретирана од истиот ученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Ортаци во фирма од Скопје затаиле 120.000 евра од државата, тврди Финансиската полиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот