Вонредна состојба автоматски не значи воведување полициски час

протест пред влада

Вонредната состојба повеќе се врзува за економската ситуација во која запаѓа државата. Сите показатели укажуваат на тоа дека полека нашата земја влегува во сериозна економска криза и дека веќе се огромни економските штети на фирмите и дуќаните кои не работат.

Владата на Македонија од Парламентот побара да прогласи Вонредна состојба на територијата на целата земја. Ова денеска на прес конференција јавно го соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Спасовски рече дека животот, без разлика што ќе биде воведена вонредна состојба, ќе тече нормално, но се ќе зависи од однесувањето на граѓаните. Нагласи дека евентуалното воведување на полициски час ќе биде за да се спречат собирање на граѓани и правење на забави, појава која во изминативе неколку дена беше присутна во скопската приградска населба Сопиште.

Сите мерки во вонредната состојба Владата на Македонија ќе ги прилагодува зависно од ситуацијата.

Во членот 126 од Уставот стои:

„При постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила. Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае до завршувањето на воената или вонредната состојба, за што одлучува Собранието“.

Вонредната состојба произлегува од владин проглас даден како реакција на вонредна ситуација која претставува основна закана за земјата.

Со прогласот може да се суспендираат одредени вообичаени функции на владата, може да се предупредат граѓаните да го сменат своето вообичаено однесување, или може да се овластат владини агенции да спроведат планови за подготвеност за опасност, како и да се ограничат или укинат граѓанските слободи и човекови права.

Потребата да се прогласува вонредна состојба може да произлезе од различни ситуации како што е вооружена акција против државата од страна на внатрешни или надворешни елементи, природна непогода, граѓански немир, епидемија, финансиска или економска криза или генерален штрајк“, вели Уставот.

– Вонредната состојба и дава на Владата широко отворени раце за секојдневно или постојано делување од здравствен, безбедносен, а пред се на економски план кога земјата се наоѓа во таква состојба. Во вонредна состојба лесно може, а и не мора да се прогласи полициски час, лесно може да се замрзнат сите цени на пазарот. Најлесно кажано, во вонредна состојба Владата ќе може да се донесе одлука за која претходно, ќе требало да минат низа филтри или одобрение од Парламентот – вели професорот по безбедност Стојан Николовски.

Вонредната состојба повеќе се врзува за економската ситуација во која запаѓа државата. Сите показатели укажуваат на тоа дека полека нашата земја влегува во сериозна економска криза и дека веќе се огромни економските штети на фирмите и дуќаните кои не работат, а по се изгледа дека тие допрва ќе се зголемуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот