Спасовски: Владата донесе одлука, треба да се воведе вонредна состојба во целата држава

Владата на денешната седница донесе одлука, потребно е да се воведе вонредна состојба на територијата на цела држава, изјави предмлаку на прес-конференција, техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Тој посочи дека Владата ќе му препорача на претседателот Стево Пендаровски да прогласи вонредна состојба, имајќи предвид дека собранието е распуштено.

– Вонредната ситуација е сериозна ситуација пред која сме исправени. Ова е вонредна ситуација и е потребна вонредна состојба. Владата на РСМ нема ни најмалку дилема. Предлагаме воведување вонредна состојба на цела територија сега и веднаш. Мерките што досега се носеа дадоа резултати, но тие мерки мора да се заострат за да спречиме поголем пик на коронавирусот во кратко време.
Уверени сме дека со воведување вонредна состојба тоа ќе се спречи. Заканата од масовно ширење на вирусот бара радикални мерки. Владата ќе предложи на Собранието да прогласи вонредна состојба. Иакое распуштено, постои уставна одредба дека претседателот на РСМ може да прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена.

Ова ќе биде за првпат да се воведе ваква мерка во историјата на нашата држава и оваа мерка е една од најтешките одлуки кои ги донела било која Влада. Ништо веќе не е исто, животот радикално се промени како кај нас така и во целиот свет. Потребно е секој до нас да се прилагоди и да има крајно одговорно однесување. Ако сакаме да си ја заштитиме нацијата, сите мораме да се однесуваме одговорно. Политиканството да се остави за други времиња. За животите на нашите граѓани се работи. Ја прифативме најсериозно заканата и подготвивме многу мерки и одлуки за кои добивме признанија. Ќе ја совладаме заканата и заедно ќе излеземе посилни – рече Спасовски.

Тој нагласи дека Владата максимално е посветена да ја држи целата ситуација под контрола.

– Имаме сериозни капацитети во институциите, тука сме да служиме на граѓаните и да го заштитиме здрајето на граѓаните и нашата држава. Предлагаме воведување вонредна состојба веднаш и осстануваме во комуникација со нашите пријатели во регионот и Европа за справуваење со оваа хуманитарна криза. Ќе направиме се за да го вратиме безбедното секојдневие на граѓаните од нашата земја. Да бидеме одговорни, ефикасни и пократко време да излеземе победници – рече техничкиот премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот