Војник од касарната „Илинден“ ранет во ногата, му пукнал пиштолот кога му го предавал колега

Воено лице, припадник на АРСМ, бил ранет во ногата кога испукал пиштолот што му го предавал колега кој требало да преземе смена, соопшти МВР.

„На 25.08.2022 околу 14.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во касарна „Илинден” во Скопје со повреда се здобил Б.Т.(45) од Злетово и бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември” за укажување лекарска помош. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при примопредавање на смена и проверка на оружјето од друго воено лице, при што пиштолот испукал во подот, а од рикошетот парче од подот го погодило во ногата“, велат од МВР.

Од страна на Воена полиција бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот, додаваат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот