Војдан Стојановски:  Треба да веруваме во нас, не треба да гледаме на противниците со респект

Македонската кошаркарска репрезентација со два порази ги започна квалификациите за ЕП 2021 година. Во првото коло, кошаркарите загубија од Естонија во Скопје со 72:81 притоа прикажувајќи бледа игра, додека вчера се поразени од Русија со 77:67, а прикажаа далеку подобра игра.

Капитенот Војдан Стојановски вели дека прикажаната игра против Русија треба да биде насока како да се игра во продолжение од квалификациите.

– Ова е играта која треба да ја негуваме во иднина, без разлика што сега загубивме. Треба да бидеме борбени во сите 40. минути, и треба да веруваме во сопствените сили, не треба да гледаме на противниците со респект. Се боревме, навистина игравме добро, мислам дека ни недостасуваше малку енергија па и малку среќа во финишот. Во Перм видовме дека можеме многу подобро. Видовме дека имаме потенцијал. Штета, навистина голема штета што не го искористивме домашниот терен, имавме и полна сала. Ги имавме сите услови за победнички старт. Затоа можам да кажам дека искрено, сега поразот од Естонија боли уште повеќе- вели капитенот Стојановски кој беше најдобар на двата натпревари на стартот од квалификациите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот