Водителка го изгуби забот среде пренос во живо, нејзината реакција стана хит (ВИДЕО)
Гледачите на украинската телевизија TCH доживеаа неочекувана претстава кога на водителката Маричка Падалако при известувањето во живо и испадна забот.
Камерата, нормално забележа се, а видеото брзо започна да се споделува на социјалните мрежи.
Тоа што многумина го забележаа не беше самото паѓање на забот, туку нејзината смирена реакција.
Маричка, не престанувајќи да известува, забот го покри со рака и продолжи понатаму како ништо да не се случило.
И самата ја сподели снимката на својот Инстаграм каде објасни како дошло до тоа да и испадне забот.