Водич за тантрички секс: Емотивно и физичко зближување на партнерите

Фото: Профимедиа

Тантричкиот секс постои повеќе од 5.000 години. Се работи за древна хинду практичка, во која крајната цел не е оргазам. Но, оргазмот е често добредојдено изненадување. Според експертите, неверојатното зближување на телото и умот на партнерите може да доведе до силен оргазам. Во тантричкиот секс може да се пробаат сите оние кои сакаат малку да си го освежат љубовниот живот.

Зошто да пробате тантрички секс?

Тантричките експерти веруваат дека можете да доживеете вистинска екстаза ако вложите малку време и труд во водењето љубов. А очигледно би ви се исплатело, бидејќи овој на вид водење љубов фанови се и некои од најголемите ѕвезди на денешницата. Том Хенкс и Стинг се само некои од презадоволните љубители на овој вид секс. Дури, жената на Том Хенкс, Труди Стајлер, во една прилика има изјавено дека нејзиниот маж може да води љубов и до 5 часа непрекинато.

Како да изведете тантрички секс?

Добрата работа кај тантричкото водење љубов е во тоа што не е ориентирано кон одредена цел, што значи дека не мора да се трудите да научите што и како треба да направите. Трикот е всушност во тоа мислите потполно да ги ослободите од идејата за оргазам и целосно да се опуштите. Наместо на оргазам, мислете на предиграта и потрудете се таа да биде вистинско уживање за вас и за вашиот партнер, и така сѐ додека не сте сигурни дека е време да ги доведете работите до природен крај. Без брзање. Секако, тоа е полесно да се каже одошто да се направи, па затоа луѓето користат разни техники како медитација, дишење и масажи.

Што да правите?

Ако сакате да ја испробате оваа техника на водење љубов, еве што треба да правите:

Изгаснете го светлото, а со тоа и остатокот од светот
Тука сте само вие и вашиот партнер. Сѐ останато е неважно и не би требало да размислувате за ништо друго.

Опуштете го телото
Поентата на тантрата е слободен проток на енергијата низ целото тело, па затоа е потребно да биде опуштено. Најдобра вежба е да станете и добро да ги протресете сите делови од телото.

Избегнувајте го креветот
Креветот може да ве потсети на спиење, а тоа ќе ве натера да го забрзате процесот. Поентата е всушност токму во спротивното, чинот што подолго да трае.

Наместете се удобно
Лежете на под со партнерот и почнете полека да се допирате по целото тело. Не брзајте, посветете се на секој дел од неговото/нејзиното тело.

Експериментирајте
Испробајте неколку различни видови допири: силна масажа, нежни допири како со пердув, снажни зафати. Целта е да му ги надразните на партнерот сите сетила и да го доведете скоро до врвот, но не и до самиот врв.

Концентрирајте се на дишењето
Ако умот почне да ви лута, обидете се да се концентрирате на дишењето. Неопходно е цело време да бидете умствено присутни во моментот, па оваа вежба со дишењето ќе ви помогне во тоа.

Не откажувајте се
Ако издржите барем 10 минути, обидете се пак следниот пат. Сите сме навикнати на западњачки секс на брзина, па тантрата може да биде малку тешка за совладување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот