Фото: Профимедиа / Инстаграм

Водеше тајна здравствена битка, имаше трансплантација на црниот дроб: Испливаа детали за смртта на ѕвездата од „Озборувачка“

Актерката Мишел Трактенберг, позната по улогата во серијата „Озборувачка“, почина од природна смрт, а можните компликации по трансплантација на црн дроб можеби придонеле за нејзиното починување, пренесува „Еј-би-си њуз“.

Мишел, која имаше 39 години, беше пронајдена мртва во својот стан во Њујорк во средата наутро, околу 8 часот по локално време. Телото го открила нејзината мајка. Полицијата за медиумите потврди дека во нејзината смрт нема елементи на кривично дело, но ќе се изврши и обдукција.

Странските медиуми велат дека актерката водела тајна здравствена битка. Според „ТМЗ“, на актерката неодамна ѝ била извршена трансплантација на црн дроб, но наводно телото ја одбило трансплантацијата при што биле предизвикани компликации..

„По пристигнувањето, полициските службеници пронашле 39-годишна жена во несвест и без знаци на живот. Итната медицинска помош констатирала смрт на местото на настанот. За криминалната причина за смртта не се сомневаат. Истрагата сè уште е во тек“, се вели во официјалното соопштение на полицијата.

Трактенберг минатата недела на социјалните мрежи на Инстаграм ја сподели својата последна фотографија, по што повторно не се огласила. Нејзиното последно појавување во јавноста беше во ресторанот „Сартиано“ во Сохо, минатиот четврток.

Поранешната колешка на актерката Рози О’Донел даде изјава за магазинот „Пипл“, нарекувајќи ја смртта на Мишел „срцепарателна“.

„Јас многу ја сакав. Таа се бореше со многу проблеми во последните години. Посакувам да можев да ѝ помогнам“, изјавила О’Донел.

Мишел Трактенберг е најпозната по улогата на Даун Самерс, помладата сестра на Бафи, во серијата „Бафи убиец на вампири“, во која глумеше од 2000 до 2003 година во вкупно 66 епизоди. Гледачите ќе ја паметат и како Џорџина Спаркс, каде глумеше во 28 епизоди од хит серијата „Озборувачка, која се емитуваше од 2008 до 2012 година. Како дете, на десетгодишна возраст, таа доби улога во филмот „Шпионот Хариет“ (1996), каде глумеше заедно со Рози О’Донел.

Родена на 11 октомври 1985 година, Мишел пораснала во Њујорк, а нејзината мајка Лана и сестрата Ајрин подоцна се преселиле во Тарзана, Калифорнија. Нејзиниот татко Мајкл сè уште живее во Бруклин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот