Србија, избори Фото: МИА

Во Србија денеска се одржуваат локални избори во 10 општини

Редовните избори во 10 локални самоуправи во Србија започнаа денеска во 7:00 часот наутро. Гласачките места ќе бидат отворени до 20:00 часот.

Денес се одржуваат избори за советници на Градското собрание на Бор, за општинските собранија на Смедеревска Паланка, Бајина Башта, Кула, Лучани, Аранѓеловац, Кладово, Књажевац и Мајданпек, како и за Собранието на градската општина Севојно.
На изборите за советници на Градското собрание на Бор учествуваат седум листи, на изборите за локални собранија во Смедеревска Паланка, Бајина Башта и Лучани учествуваат шест изборни листи, на изборите за локални собранија во Смедеревска Паланка, Бајина Башта и Лучани пет листи во Аранѓеловац и Кула, четири во Књажевац, Мајданпек и Севојно и три изборни листи во Кладово.
Изборниот молк трае до 20:00 часот. Претходните избори во овие 10 единици на локалната самоуправа се одржаа на 3 април 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот