Во сообраќајна несреќа во Скопје, малолетничка на електричен тротинет се здобила со тешки повреди

Полиција/ фото: МВР

Во сообраќајка која се случила синоќа меѓу автомобил и електричен тротинет, една малолетна сопатничка од тротинетот се здобила со тешки телесни повреди, додека малолетничката што го управувала тротинетот со телесни повреди.

„Синоќа во 22:30 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од бул.„Никола Карев”, ул.„Самоилова” и ул.„Максут Садик”, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мицубиши”, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(25) од Скопје и електричен тротинет „нунебот”, управуван од малолетничка од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила малолетната сопатничка од тротинетот, а со телесни повреди се здобила малолетничката што го управувала тротинетот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, наведуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот