Во Скопје ќе се одржи првиот меморијален турнир во чест на „Драган Василов – Цевка“

Покрај МЗТ Скопје Аеродром и Вардр, ќе учествуваат и екипи од странство/Фото: facebook.com/macedonianbasketball

Од 9 до 12 септември во Скопје ќе се одржи првиот меморијален турнир во чест на „Драган Василов – Цевка“. По тој повод бее организирана и прес-конференција на која јавноста беше запозната со сите детали во и околу организацијата и реализацијата на идејата за креирање на еден ваков кошаркарски настан.

Меѓународен кошаркарски турнир за кошаркари „Под 16“ години, кој го носи името на еден од најдобрите македонски тренери кои работеле во младинските возрасни категории, и кој остави поколенија на играчи кои ја носат македонската кошарка.

– Голема чест и задоволство е што нашата федерација ќе биде дел од овој турнир, кој го носи името на нашиот легендарен тренер Драган Василов Цевка, и што на свој начин, со потребната техничка логистика, реализација на онлајн преноси „во живо“, обезбедување на судии, ќе помогне во реализацијата на турнирот кој ќе биде собир на деца до 16 години.

На истиот покрај нашите екипи МЗТ Скопје Аеродром и Вардар, ќе учествуваат екипи од странство како Црвена звезда, Академик Пловдив, Клуж, Слован, Шопрон.

Верувам во успешна реализација на овој турнир кој ќе остане традиционален, затоа што Драган Василов Цевка заслужува многу повеќе од тоа. Но, ова е само почеток – им се обрати на присутните, претседателот на нашата федерација, Перо Антиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот