Во што се подобри НОВИТЕ АЈФОНИ во споредба со нивните претходници?

Епл ги претставија новите модели на Ајфон 11, кои се директни наследници на минатогодишните Х-модели.

Заедничко за сите е што ниту еден од нив нема поддршка за 5G, но тоа се очекува да се имплементира во моделите што ќе бидат презентирани во 2020 година.

iPhone XR спореден со iPhone 11

– Двата модела имаат 6,1-инчен ЛЦД екран и се со еднакви димензии (150.9×75.7×8.3 милиметри и тежат 194 гр)

– XR работи со iOS 12, што може да биде надограден на iOS 13, а 11 доаѓа со инсталиран iOS 13

– XR има единечна wide-камера, додека 11 доаѓа со двојна wide и ultra-wide камера. И двата имаат резолуција од 12 мегапиксели. Предната камера на XR е 7 мегапиксели, а на 11 е 12 мегапиксели.

– Процесорот на новиот модел е A13-Bionic

– XR можете да го најдете со 64 и 128 гигабајти, тој со 256 веќе не е достапен. iPhone доаѓа со сите три мемории.

– Во однос на батеријата, XR има 2,942 mAh, што е најтрајна батерија на Ајфон досега, а за 11 уште не е специфициран капацитетот

– Двата телефона се водоотпорни и поддржуваат бежично полнење

iPhone XS спореден со iPhone 11 Pro

– Двата модела имаат екран од 5,8 инчи

– iPhone 11 Pro во димензии е малку поголем од XS, но и 11 грама потежок од него

– XS може да биде надограден на iOS 13, а 11 Pro доаѓа со преинсталиран софтвер

– 11 Pro има тројна камера, за разлика од ХЅ кој е со двојна камера

– Предната камера на ХЅ е 7 мегапиксели, а на 11 Pro е 12 мегапиксели

– 11 Pro доаѓа со новиот А13-процесор

– Капацитетот на батеријата на XS е 2,658 mAh, а за батеријата на 11 Pro од Епл најавија дека трае и 4-5 часа повеќе на стендбај

– Двата модела се водоотпорни

– И двата се достапни со мемории од 64, 256 и 512 гигабајти

iPhone XS Max спореден со iPhone 11 Pro Max

– Двата телефона располагаат со 6,5-инчен екран

– XS Max тежи 208 гр, додека 11 Pro Max тежи 226 гр

– XS Max може да биде надограден на iOS 13, додека 11 Pro Max доаѓа со преинсталиран iOS 13

– Задните камери се со резолуција од 12 мегапиксели, XS Max е со двојна, а 11 Pro Max со тројна камера

– Предната камера на XS Max е 7, а на 11 Pro Max е 12 мегапиксели

– Достапни се со мемориски капацитети од 64, 256 и 512 гигабајти

– XS Max има батерија од 3,174 mAh, а за новиот модел Епл тврдат дека ќе трае и до 5 часа подолго

– Двата модела се водоотпорни и имаат опција за бежично полнење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот