Во САД на бремените жени и родилките им препорачуваат вакцинација со „Фајзер” или „Модерна”

Фото: Профимедиа

Американскиот колеџ на акушери и гинеколози (ACOG) соопшти дека е најдобро за бремени жени и родилките кои сакаат да се вакцинираат против Ковид тоа да го направт со вакцината Фајзер-Бионтех или Модерна, наместо со вакцината Џонсон и Џонсон.

Објавата ги следи упатствата на Центрите за контрола и превенција на болести кои препорачуваат прекин на аплицирање на вакцините Џонсон и Џонсон поради можно формирање на згрутчување на крвта, јави Си-Ен-Ен

„Во моментов, нема јасен профил на жени кои би можеле да имаат толку исклучително ретка компликација. Сепак, се додека не бидат појасни работите, важно е да се охрабруваат бремени жени и мајки кои сакаат да бидат вакцинирани да изберат mRNA вакцини – Фајзер или Модерна”, се вели во соопштението на ACOG.

Во нивното соопштение се додава дека луѓето кои биле вакцинирани со вакцина на Џонџон и Џонсон  во претходните три недели треба да побараат итна медицинска помош во случај да имаат силна главоболка, болки во стомакот, болка во нозете, отежнато дишење. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот