Во ПСЖ е направена листа за отстрел, седум фудбалери мора да си заминат

Мауро Икарди не ги исполни очекувањата на челниците на ПСЖ/ фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Сопствениците на ПСЖ, катарското кралско семејство, им нареди на челниците на „светците“ да го намалат ростерот на тимот и во наредните два преодни рока да се ослободат од дури седум фудбалери.

Моментно на платниот список на ПСЖ има 33 фудбалери под договор и таа бројка ќе мора да се намали за да се ослободи место за неколку фудбалери кои треба да пристигнат идното лето како Пол Погба, Антонио Ридигер и нов елитен напаѓач кој треба да биде замена за Килијан Мбапе.

Најзвучно име на листата за отстрел е тоа на Мауро Икарди. Во ПСЖ сакаат да ги вратат вложените 50 милиони евра, но ниту една екипа не е подготвена да плати толкава отштета за Аргентинецот. Најзагреан за Икарди е Јувентус, но „старата дама“ го сака Аргентинецот на позајмица без задолжителен откуп на договорот.

Клубот може да го напуштат и Абду Диало кој беше стандарден на почетокот од сезоната, но со доаѓањето на Нуњо Мендеш и опоравувањето на Бернат испадна од ротација. Нема место ниту за Курзава на кого за време на пандемијата му беше продолжен договорот .

Колин Дагба и Ерик жуниор Дина Ебимбе треба да бидат испратени на позајмица, а на трансфери листата ќе се најдат уште и Рафиња и голманот Серхио Рико.

Освен нив, во јануари може да си замине и Жоржињо Вајналдум кој е незадоволен од својот статус и сака да се врати во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот