Фабриката на „Ван Хол“ во Бунарџик / Фото: VHMK / Google Maps

Во првите два месеца од годинава пораснале и увозот и извозот

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – февруари 2026 година, изнесува 1.258,6 милиони евра и бележи пораст од 2,4 проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 1.879,6 милиони евра, што е за 2,4 проценти повеќе во споредба со истиот период од 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Во извозот и натаму доминираат производите на компаниите од автомобилската индустрија од фабриките во економските зони – најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.

Во увозот, пак, исто така најмногу се застапени производите кои ѝ се потребни на автомобилската индустрија: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и електричната енергија.

Во периодот јануари – февруари 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 49,9 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 57,8 % во вкупната размена.

Владата ги намали акцизите на горивата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот