Владата ги намали акцизите на горивата
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека истовремено останува во сила и намаленото ДДВ за горивата од 10 отсто до крајот на кризната состојба, односно до 20 април, со цел да се ублажи ударот врз цените и да се заштити животниот стандард.
Владата на вонредна седница донесе одлука за намалување на акцизите на горивата, при што дизелот ќе има пониска акциза за четири денари по литар, а безоловните бензини од 95 и 98 октани за два денара.
Препорачано
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека истовремено останува во сила и намаленото ДДВ за горивата од 10 отсто до крајот на кризната состојба, односно до 20 април, со цел да се ублажи ударот врз цените и да се заштити животниот стандард.
Тој смета дека без оваа мерка дизелот би достигнал цена од околу 102 денари за литар, додека бензините би биле поскапи за 1,5 до 2 денари.
Дополнително, премиерот соопшти дека владата имала разговор со ОКТА, по кои е договорено попустот да продолжи до крајот на април, 3 денари по литар за дизел и два денари за бензините, што, според Мицкоски, ќе значи дека дизелот ќе ја задржи сегашната цена, а бензините дури ќе бидат за околу два денари поевтини во однос на минатата недела.
Масовни отпуштања во тек во 19 бугарски региони, без работа останаа над 3.500 работници


