Во пресрет на ИКАС 2023 трипати ограбен објектот на Кајакарската федерација на Македонија на Матка

foto facebook, Macedonian canoe federation

Организаторот се соочува со досега незабележан проблем во долгата традиција на ИКАС, трикратно обивање и грабеж на објектот кај кајакарската патека на Матка во рок од пет дена. Штетата е од 1.200 до 1.500 евра

Најголем проблем на организаторот на ИКАС 2023 (8-9 април) е обивањето на објектот на Кајакарската федерација на Македонија, што се случило во три наврати минатата недела, во понеделникот, во средата и во четвртокот, при што е направена материјална штета од околку 1.500 евра.

Објектот е лоциран кај стартот на кајакарската патека на Матка крај Скопје. Украдни се агрегат за струја и разна друга опрема, скали за на патека, табли, телевизор и друга опрема и алатки.

– Вкупната штета грубо е околу 1.200 до 1.500 евра. Сега се плашиме да ги оставиме и чамците горе. Низ годините без проблем сме ги оставале чамците, а сега тоа го правиме со страв. Чамците на гостите-натпреварувачи се наша одговорност. За среќа досега чамци не се украден. Со полицијата имаме добра соработка во истрагата околку обивањата – вели Коста Евтимов, секретар на федерацијата, којшто ни ја даде информацијата за обивањето и грабежот.

Според него објектот ќе треба да се обезбеди со приватно обезбедување, затоа што гостите на ИКАС ќе очекуваат нивните чамци и опрема да бидат сигурни.

Првпат се случува да биде на ваков начин обиен објектот, кој е таму долги години. Сега трипати се обива и ограбува во рок од пет дена.

– Тоа ни е најголем проблем во организацијата годинава. Сега мораме да ги корстиме средствата за да ја обновиме опремата, наместо да ги трошиме за други работи при организацијата – вели Евтимов.

ИКАС 2023, еден од трите најстари кајакарски натпревари во светот, претстојниот викенд ќе се одржи по 54. пат со учество на кајакари од десетина земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот