Во Панама седум лица осудени на 50 години затвор поради егзорцизам

Егзорцизам
Егзорцизам / Фото: EPA/M.A.PUSHPA KUMARA

Судот во Панама ги осуди на 50 години затвор членовите на една секта, кои во јануари 2020 година „истерувале демони” и убиле шест деца и една бремена жена.

Судот изрече максимална казна од 50 години затвор за секого од седумтемина обвинети од сектата Новa божја светлина.

– Судот во Чангуинола, североисточна Панама ги прогласи за виновни членовите на сектата дека ги врзувале своите жртви, вклучително и шест деца и млади луѓе на возраст од една до 17 години, пред да ги претепаат до смрт со стапови, со библијата и други предмети под изговор дека истеруваат демони.

Бремената жена била насилно однесена во црквата на сектата, каде била убиена пред очите на нејзините пет деца, кои потоа биле претепани до смрт заедно со уште едно малолетно лице.

Неколку очевидци, кои исто така биле повредени во ритуалот, потоа успеале да побегнат и да пријават во полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот