Во оваа земја, секој граѓанин добива скоро 500 евра ако спортува

фото: Pixabay.com

Луксембург е земја-членка на ЕУ која што троши најмногу пари за спортска рекреација на своите граѓани по глава на жител, дури 492 евра, додека Хрватска и Бугарија одвојуваат по 13 и 16 евра по човек, што е најмали трошоци за рекреативни содржини, соопшти Евростат.

Бирото за статистика на ЕУ соопшти дека податоците од 2017 година покажуваат дека вкупно 51,3 милијарди евра се потрошени за рекреација и спорт од државите, локалните власти и социјалните системи.

Во однос на трошењето на спортски активности во однос на процентот на бруто домашниот производ, Унгарија е на врвот на табелата со 2,5 проценти од БДП-то.

Според овој метод, Хрватска е на задниот дел од табелата, бидејќи за рекреација одвојува скоро 0,2 проценти од бруто домашниот производ.

Земјите кои се во еврозоната кои најмногу одвојуваат во организирањето на спортски активности се, како и претходните години, скандинавските земји и земјите од „Бенелукс“. Само три земји имаат издвоено повеќе од 200 евра по жител: Луксембург, Шведска и Финска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот