Влада на РМ- зграда / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во општините без градоначалници Владата ќе именува повереници

Владата ќе именува повереници во оние места каде не беа избрани градоначалници на локалните избори, но, откако Државната изборна комисија официјално ќе ги заврши изборите и ќе достави информација до неа. За персонални имиња, како што рече премиерот Христијан Мицкоски, сè уште не се водени разговори со коалициските партнери.

– Прво треба ДИК официјално да ги заврши изборите, па да ја информира Владата. Тоа очекувам дека ќе се случи следната недела. И потоа, Владата има рок од 15 дена да постапува по тоа, а потоа ДИК да го информира Собранието за да тоа во рок од 60 дена одржи нови избори во тие општини во коишто беа неуспешни. Тогаш веќе нема услов цензус, оној цензус за излезност – рече Мицкоски.

Така што, како што истакна, очекува во текот на следната недела кога ќе го добијат известувањето, да седнат со коалициските партнери, да ги предложат имињата коишто ќе бидат повереници во тие општини во коишто не успеаја изборите.

Повторени избори за градоначалници ќе има во општините Гостивар, Маврово и Ростуша, Центар Жупа и во Врапчиште, бидејќи не беше исполнет услов за излезност од една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот на Избирачкиот список.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот